Евервес на Пепси во Македонија

Bez autora
Oct 03 2011

Прилепска пиварница го донесе Евервес на Пепси во Македонија. Светскиот хит Евервес, новиот безалкохолен пијалак со вкус на битер лемон на компанијата Пепси преку Прилепска пиварница стигна на македонскиот пазар. Тоа е освежителен пијалак за сечиј вкус, за секоја возраст и за секоја прилика. Вкусот на битер лемон дава посебен и убав шмек, поради што овој безалкохолен газиран производ е привлечен за сите обожаватели на пијалаците од овој асортиман. Токму фактот дека со овој нов производ може да се задоволи вкусот на сите потрошувачи, беше клучен за инвестирање на Прилепска пиварница во ваков бренд. Евервес е изработен по лиценца на Пепси кола интернационал и спаѓа во истата група на пијалаци кои ги полни Прилепската пиварница, како што се познатите Пепси, Миринда, Севен ап.

Евервес на Пепси во МакедонијаПрилепска пиварница го донесе Евервес на Пепси во Македонија. Светскиот хит Евервес, новиот безалкохолен пијалак со вкус на битер лемон на компанијата Пепси преку Прилепска пиварница стигна на македонскиот пазар.

Тоа е освежителен пијалак за сечиј вкус, за секоја возраст и за секоја прилика. Вкусот на битер лемон дава посебен и убав шмек, поради што овој безалкохолен газиран производ е привлечен за сите обожаватели на пијалаците од овој асортиман.

- Токму фактот дека со овој нов производ може да се задоволи вкусот на сите потрошувачи, беше клучен за инвестирање на Прилепска пиварница во ваков бренд - вели бренд-менаџерот Александар Чатлески.

Евервес е изработен по лиценца на Пепси кола интернационал и спаѓа во истата група на пијалаци кои ги полни Прилепската пиварница, како што се познатите Пепси, Миринда, Севен ап.

- Одлучивме на нашите потрошувачи да им понудиме производ кој ќе ги задоволи нивните потреби во поглед на нов освежителен вкус. Токму квалитетот што го застапуваме и довербата која ја имаме стекнато со досегашните брендови ни даде дополнителен поттик за понуда на овој нов производ, за кој веруваме дека ќе го има истиот успех како и останатите наши пијалаци од ваков вид - додаде Чатлески.

Прилепска пиварница отсекогаш ги следела потребите на пазарот и делувала проактивно, што претставува дел од нејзината стратегијата, која ја гради и надградува со години. Токму таа стратегија ја наметна потребата од понуда на нов безалкохолен освежителен пијалак со продорен и остар вкус на битер лемон, со кој се зголеми можноста за избор на консументите за ваков вид понуда.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik